Македонија
22. November 2024 - 12:23

Свечена седница во Влада по повод Денот на албанската азбука

По повод денот на албанската азбука во Владата се одржа свечена седница. Премиерот Христијан Мицкоски порача дека албанската азбука е симбол на образованието, културното богатство и напредокот на еден народ. Обраќање на седницата имаше и вицепремиерот Изет Меџити, кој во текот на денот ќе биде домаќин на повеќе настани кои се организираат за одбележувањето на Денот на албанската азбука.