Да се формира посебно тело во облик на туристичка или комунална полиција
Странски водичи ја раскажуваат историјата на нашата земја, туристичките водичи бараат инспекторите да излезат на терен но и конечно после 30 години најави да се формира посебно тело во облик на туристичка или комунална полиција која ќе ги регулира овие неправилности.Иако според законот за туристичка дејност имаат обврска да ангажираат македонски лиценциран водич сликата на терен е сосема поинаква.
Директорката на АППТ Билјана Стефаноска подвлече дека туристичките водичи се едни од најзначајните алки во развојот на туризмот и во промоцијата на туристичката дестинација, многу е важно како еден туристички водич ја интерпретира историјата на Македонија и како истата ја пренесува на туристите.
Во Македонија има преку 1300 лиценцирани туристички водичи додека во регистарот во Охрид 200.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар