На северот на Косово мирно но тензично
Албин Курти почна со окупација на северот на Косово. Ситуацијата е на работ на вооружени конфликти е ставот на официјален Белград. Нема предавање порача претседателот Вучиќ по средбата со министерот за одбрана и началникот на Генералштабот на армијата а премиерката Брнабиќ истакна дека се размислува за враќање на одреден број припадници на српските безбедносни сили на Косово, таквата можнсот ја предвидува резолуцијата 1244. Оцени дека потезите на Курти се опаснот за Србите и Албанците, но и за Европа.
- Тешко беше да се спие синоќа. Албин Курти, сите нас, и Србите и Албанците не доведе на самиот раб на војна. Тоа Албин Курти не го прави сам. Имаме целосно игнорантско однесување на нашите партнери, и во ЕУ, изјави Ана Брнабиќ, премиерка на Србија.
На сверот на Косово е мирно, но тензично. Српските медиуми инфомираат дека полициски сили не се присутни на улиците во северна Митровица. Таму доцна синоќа косовскиот премиер испрати над 300 вооружени припадници на полицијата и оклопни возила и порача дека полициското присуство ќе се зголемува во северниот регион во текот на следните неколку дена со цел одржување на редот и мирот, по оставките на полицајците од редовите на срспкото малцинство минатиот месец. Курти соопшти и дека синоќа полициска патрола била нападната од страна на непознати напаѓачи во селото Србовац, општина Звечан при што еден полицаец е полесно повреден, но и ги демантираше српските медиуми дека на северот на Косово упаднале и специјалци. Од косовскиот парламент, Курти испрати порака дека безбедносните сили не прогонуваат никого на етничка или верска туку исклучливо врз основа на идвидуално или групно однесување и постапки.
ЕУ повика на смирување на тензиите на северот на Косово.
- Фокусот на Белград и Приштина сега треба да биде на разговорите за нормализација на односите. Ова е клучно за европскиот пат на двете страни и за смирување на ситуацијата на теренот. Ние постојано го повикуваме тоа, последен пат го направивме тоа оваа недела на Самитот ЕУ - Западен Балкан во Тирана, рече портпаролот на ЕУ, Петер Стано.
Поради новата напнатост, САД и Германија побараа од официјална Приштина да ги одложи вонредните локални избори во четирите општини со мнозинско српско население, предвидени на 18 декември.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар