МВР потврди дека по барање на Србија е уапсено лице од Косово
МВР денеска потврди дека на Граничниот премин Јажинце, на влез во државата, вчера во 16.00 часот полициски службеници го лишиле од слобода Б.Р.(47) од Косово, затоа што при пасошка контрола и извршени проверки било констатирано дека во службената евиденција е со мерка „апси“, по барање на Интерпол Србија.
Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Тетово за понатамошна постапка.
Претходно, дописникот на МИА од Приштина јави дека Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово синоќа соопштило дека е информирано за апсењето на косовски државјанин од страна на полицијата на Северна Македонија, врз основа на потерница издадена од Србија.
Од косовското МНР информираа дека станува збор за Блерим Рамадани, поранешен припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК) во оперативната зона Неродиме.
- Нашиот амбасадор во Северна Македонија, г. (Фљориан) Ќехаја, интензивно се залага за решавање на овој случај и како Министерство за надворешни работи работиме со македонските власти за брзо ослободување на г. Рамадани. МНР ќе ја информира јавноста за натамошниот развој на настаните во врска со овој случај, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Протест пред Град Скопје, граѓаните се револтирани од јавниот превоз
-
Шекеринска на средба кај Сиљановска
-
Преглед на вестите од светот
-
Денот на албанската азбука – Честитки и превирања
-
ВМРО-ДМНЕ бара извинување од Апасиев по инцидентот
-
За повисок економски раст треба повеќе да се штеди, помалку да се троши
-
Зајкова бара укинување на банкарските провизии
-
Таравари и Мемеди на една страна, ДСЗИ на друга за надзорите на Детска