Мур собра „војска“ славни личности за кампања против оружјето
Џулиен Мур одлучи нешто да направи за да не мора да слуша секојдневно на вести за трагичните училишни пукања и се „фрли“ во акција.
- Пукањето во основното училиште Sandy Hook во сојузната држава Конектикат каде загинаа 20 деца и шест возрасни, беше капка која ја прелеа чашата, изјави Џулиен Мур (54). Ѕвездата на филмот „Засекогаш Алис“, додава дека како родител морала да реагира и да покрене кампања против носење на оружје.
- Доста ми е од слушање на такви вести. Одлучив нешто да направам. Ова е единствена работа за која сакам нешто јавно да проговорам. Ова е моја должност како родител, рече Мур за списанието Пипл.
Поддршка и дадоа Рис Витерспун (39), Стив Карел (53) и Џенифер Лоренс (25), Елен Деџенерис (57) и Ким Кардашијан (34). Имено, Мур собра „креативен совет“ со цел да се искористи нивното влијание на јавноста и да се заложат за построги проверки на луѓето кои сакаат да поседуваат оружје.
- Пред претседателските избори следната година мораме да ги мобилизираме гласачите и да се бориме за подобра проверка на луѓето кои сакаат да купат оружје, објасни оскаровката Мур.
Ново на Сител
-
Остри реакции на помилувањата од претседателката
-
Мицкоски за 23. Октомври побара национална стратегија со МАНУ
-
Наградата 23. Октомври врачена на поетот Славе Димоски
-
Ќе се евидентира целиот имот на државата
-
Од утре вакцинација против грип кај здравствените работници на работно место
-
Тим од медицинска сестра, социјален работник, психолог и физиотерапевт ќе посетува семејства од социјален ризик
-
Општина Босилово почна со рециклирање на текстилот
-
Преглед на вести од светот