Мицкоски: Поразен е бојкотот на ДУИ, време е да одат со СДСМ во опозиција
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, прогласи победа на партијата на двојните избори и одржа прес-конференција каде што ја објави голема победа и на парламентарните и на претседателските избори.
„Успеавме, успеавте. Македонија победи. Историска победа на народот. Победи Македонија која е на Македонците, Албанците, Турците, Србите, на Власите, на муслиманите, атеистите, на гордиот народ. Падна владата, и има причина за тоа. Криминалот, корупцијата, одземената држава, тендерите, непотизмот, и уште 100 други последици кои направија државата да страда, а народот да е разочаран. Вечерва конечно се поразени.
Поразени се и предавствата, поделбите, тие 100 луѓе од ДУИ и СДСМ кои мислеа дека се господари на нашите животи. Нив денеска ги боли главата, има и зошто. Ќе одговараат до последниот, секој кој направил криминал и спровел корупција, одговорност мора да има која ќе се темели на правда и закони.
Поразен е и бојкотот на ДУИ. Ова на нашата победа дава посебно задоволство. Народот покажа дека нема да дозволи поединци да создаваат кризи, и преку институции да се штитат себеси. А, ДУИ покажа дека се партија која најмалку се грижи за Македонија, и сѐ им се удри во глава. Време е со СДСМ да одат во опозиција. Народот им одржа лекција и си ја врати државата. Македонија ќе има иднина која ќе се темели на вредност и надеж. Вечерва има причина за славје. Го паметам секое ветување, и ќе дадам последен атом од моите сили да се оствари и да не го разочараме народот. Вечерва се покажа дека нема Македонија на ДУИ, нема Македонија на СДСМ, ниту на ВМРО-ДПМНЕ, или било која политичка партија, има само една вечна, независна и слободна Македонија“, додаде Мицкоски.
Тој упати благодарност до сите гласачи.
Ново на Сител
-
Локалното население да се едуцира и да се вклучи во гаснење на пожарите
-
Тема на денот со Владимир Симоновски
-
ВМРО-ДПМНЕ: Рудникот е казнет и обврзан да ги преземен сите мерки од А-интегираната дозвола
-
СДСМ бара инспекторатот да побара одговорност од сите инволвирани во хаваријата од рудникот Тораница
-
Четворицата критични пациенти кои се во странски медицински центри и понатаму во тешка состојба
-
Во штипската болница отворен центар за рехабилитација на повредените во пожарот во Кочани
-
Преку измени на закон ќе се регулира користењето на пиротехника во затворен простор
-
Обука на вештаци за подобра експертиза и стекнување лиценци за поквалитетни судски постапки