Македонија
15. August 2024 - 16:38

Мицкоски: Поранешни функционери со милиони евра се обидуваат етнички да не дестабилизираат

Дел поранешни владини функцинери кои располагаат со милионски суми, а за  кои постојат индиции за криминал се обидуваат да ја дестабилизираат меѓуетничката хармионија во државата, објави денеска премиерот Мицкоски.

 „Имаме индиции за елементи, кои што располагаат со огромни милионски суми на пари, дел од нив се високи функционери во поранешни влади и кои што се обидуваат да мобилизираат луѓе на терен, во најголем дел да манипулираат и она што мене особено ме загрижува е тоа што се обидуваат да провоцираат етнички конфликт, односно да ја дестабилизираат меѓуетничката хармонија во Македонија. Тоа е она кое што најмногу ме вознемирува бидејќи сфаќаат дека на друг начин тие не може да мобилизираат луѓе и сега единствениот начин е да испровоцираат ваков тип на конфликт. Тоа нема да го дозволиме.“

Од ДУИ пак, во соопштение за средба меѓу Ахмети и евроамбасадорот Гир обинуваат дека обивидите за дестабилизација се владини.

 „Г-дин Ахмети зборуваше и за тенденциозните предупредувања на премиерот Мицковски за дестабилизација, истакнувајќи загриженост за можно намерно владино инсценирање преку обвинувања на други со цел да се дефокусира јавноста од потфрлувањата на власта. ДУИ е посветена на стабилноста, безбедноста, мирот, добрите меѓуетнички и меѓусоседски односи како и европската интеграција и отфрла секакви монтирани политички владини обиди за дестабилизација“, се вели во соопштението на интегративците.

За лидерот на опозициската СДСМ ваквите најави од Мицкоски се само начин за дефокусирање од проблемите. Филипче се сомнева дека постои политички договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

 “Што ДУИ ќе прави и кои се нивните планови е нивна работа и политичка одлука. Доколку институциите имаат какви било информации за нарушување на стабилноста на државата мора итно да дејствуваат, но тоа гледаме дека не се случува.... Сметам дека, во политичка смисла, на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ многу им одговараат наративите на меѓуетнички конфликт и дестабилизација. Од друга страна, обидите да се вовлече СДСМ во целата приказна само потврдуваат дека на владата многу лошо ѝ оди “, коментира Филипче во интервју за Фокус.

Филипче вели СДСМ не е дел од таквиот план.

Мицкоски пак, вели дека Владата за кус период покажала дека спроведува успешни политики.

Во меѓувреме Владата останува на ставот да се укине балансерот, алатка која се користи при вработување во јавната администрација по етнички клуч. Мицкоски вели дека тоа се реформи што ги бара ЕУ и дека нема да влијае на меѓуетничките односи. Новоформираната собраниската комија за правична застапеност пак, според премиерот нема да расправа само за етничка туку и за полова застапеност.