Македонија
10. September 2024 - 19:46

Од денеска образовните асистенти се враќаат на работа

Почнуваат со работа  образовните асистенти, до крајот на неделата се очекува сите да ги потпишат договорите. Од ресурсниот центар на Златен Сремец постапката е завршена за Општините Аеродром, Кисела Вода, Карпош, Сарај, Тетово и Гостивар. Според министерката процесот доцни поради ребалансот на буџетот и најави системско решение за во иднина. Во основното училиште Ѓорѓија Пулевски образовните асистенти денеска се вратија на работа.. 

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација реагираше за доцнењето на ангажманот на асистенти во училиштата и апелираше до МОН да ја почитува обврската. Во средните училишта образовни асистенти ќе има најрано од јануари следната година.

Општина Аеродром трета година по ред доделува бесплатни таблет компјутери. Градоначалникот за оваа генерација  ученици од 4то одделение обезбеди 860 таблети.