Македонија
10. September 2024 - 19:52

Ако ние како ЕУ не ѝ подадеме рака на С. Македонија, некој друг ќе нѐ замени

Нема потреба од промена на преговарачката рамка за да уставните измени важат по членството во ЕУ . Министерот за надворешни работи вели  дека мора да ги штитиме националните интереси, за да не бидеме повторно понижени од  некој. Сепак,  за членство во Унијата , Муцунски потенцира дека мора да да работиме на домашните ерформи, владеење на правото и борбата против корупцијата

- Јас сметам дека тоа може да се направи и без промена на преговачката рамка. Ние имаме за цел да имаме предвидлив пат кон ЕУ, повторно да не бидеме прелажани и да бидиме доведе во ситуации од соседите во кои сме биле порано. Наша примарна цел е да бидеме фокусирани на домашните реформи и владеење на правото. Доколку постои волја кај земјите-членки, нема предизвик кој не може да се надмине“, рече  Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи

Италија останува силен поддржувач на Северна Македонија за што поскоро да се приклучиме кон европското семејство, вели неговиот италијански колега Тајани. Посетата не е само формална,  тука јасна порака колку Италија се залага за побрз пристап  на земјите од Западен Балкан во Унијата.

- Мене зборот проширување не ми се допаѓа, ова се европски земји и ние треба да зборуваме за спојување на земјите од Западен Балкан кон ЕУ. Не треба да направиме грешка и да исчезне сонот на илјадници млади луѓе од Балканот кои гледаат кон Европа како своја втора татковина. Ако ние не покажаме дека сакаме да ја подадеме раката од тие што ни ја даваат, има некој друг кој сака да нѐ  замени, како што се Кина и Русија. Тоа е неприфатливо и Италија секогаш давала и ќе дава поддршка на земјите од Западен Блакан“, рече  Антонио Тајани., министер за надворешни работи на Италија

Инаку ова е прва официјална посета на министер од Европа со новата власт,  што споре Муцунски дополнително ја потврдува 30 годишната соработна меѓу двете земји. Следна средба со Тајани е закажана во Њујорк на форумот  Пријатели на Западен Балкан, што покажува колку Италија верува во регионот и силно го поддржува.