Македонско-полски бизнис форум на жени претприемачи во Варшава
Во Варшава од денеска до сабота ќе се одржува првиот македонско-полски бизнис форум на жени претприемачи со цел да се создадат поблиски економски контакти, можности за економска соработка и да се промовира македонскиот извоз во Полска.
Една од целите на форумот е да се привлечат и потенцијални инвестиции од Полска и да се согледаат полските искуства од користењето на структурните фондови на ЕУ и можностите за заеднички настап на компаниите од Македонија и Полска во трети земји.
Во рамки на форумот планирано е да се одржат и повеќе средби и посети на организации, компании и комори како што е Полско-балканската комора во која членовуваат полски фирми ориентирани кон регионот на Југоисточна Европа.
Ќе бидат презентирани и полски компании кои веќе работат на македонскиот пазар како што се ИТ компанијата Асеко и туроператорот Рего - Бис кој од оваа сезона почна со првите туристички понуди и чартер летови на релација Катовице - Охрид.
На форумот е најавено учество на жени претприемачи од Македонија и од Полска, а ќе го отворат претставниците од директоратите за економска дипломатија Шпеса Јусуфи и Војчек Поникијевски. Воведно обраќање е најавено и од вршителот на работи во Амбасадата на Република Македонија во Варшава, Горица Атанасова - Ѓоревска.
Ново на Сител
-
Претседателката на Судски совет, Весна Дамева, си поднесе неотповиклива оставка
-
Запален објект и три автомобили во Куманово,албанската опозиција ја повика меѓународната заедница да реагира
-
Верските лидери со заеднички апел до граѓаните за смиреност и соживот
-
Не само во Челопек министерката Јанева најави вонредни инспекции и во други училишта каде деца носеле симболи на УЧК
-
Струјата нема да поскапи повеќе од 1%, еден час плус дневна евтина тарифа засега ќе нема
-
Словенија бара 5.000 работници од Македонија
-
Постапка за Екс директор
-
Респираторните инфекции ги полнат педијатриските амбуланти и клиниките!