Македонски камионџија притворен во Босна
Босанската полиција објави дека во областа Брчко бил запрен македонски камион во кој полицијата нашла тројца бегалци од Авганистан. Според босанските медиуми, камионот бил запрен во саботата попладне. Возачот, идентификуван како Ј.С. (48), македонски државјанин, бил приведен и во тек е истражна постапка.
- На лицата од Авганистан им беше укажана помош и тие беа предадени на службата за странски државјани, изјавил Халид Емкиќ, одговорен за односи со јавноста во полицијата во Брчко.
Тројцата Авганистанци биле хоспитализирани поради исцрпеност. Босна засега не е важна алка на балканскиот пат на бегалците, но по затворањето на Унгарија и тензиите на хрватско-српската граница се очекува дека е можно да се развие и босански крак на патот кој пренесува бегалци од Турција преку Балканот до земји од Шенген зоната.
Ново на Сител
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек
-
Приватните превозници престанаа да возат, допрва ќе одлучуваат дали ќе го блокираат Скопје
-
Скопје се гуши
-
Желба на Дурмиши е минималец од 600 евра, ССМ бара 450 евра
-
Регистрирана Комора на вештаци - Поголем квалитет во процесот на судско вештачење