Лавров: Ослободувањето на Донбас е „безусловен приоритет“ на Русија
„Ослободувањето“ на украинскиот Донбас е „безусловен приоритет“ за Москва, додека другите украински територии би можеле сами да одлучуваат за нивната иднина, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Ослободувањето на регионите Доњецк и Луганск, кои Руската Федерација ги призна како независни држави, е безусловен приоритет“, рече Лавров во интервју за францускиот ТВ канал TF1.
Што се однесува до другите територии во Украина, „луѓето во овие области треба да одлучат за својата иднина“, додаде Лавров.
Делови од Донбас се под контрола на сепаратистите поддржани од Москва, а во последните денови фокусот беше ставен на битката за Северодонецк, кој се наоѓа на источната страна на реката Сиверски Донецк. Русите постепено, но континуирано го освојуваат Донбас, кој ги сочинува регионите Луганск и Доњецк.
Ново на Сител
-
Институциите пред тест по проширувањето на црната листа
-
Тема на денот со Столе Наумов
-
Пулмологија полна – Загадениот воздух причина за повеќе пациенти со компликации
-
Донација од Прилепска пиварница
-
Прво подготвителна седница па конечна одлука - Уставен следната година ќе одлучува за законот за јазици
-
ДУИ се заканува со нови протести – ВРЕДИ слави
-
Обвинителството оформи предмет за Груби и Беџети, истражува кој плаќал и кој земал поткуп
-
Ахмети: Ако се докаже корупција, Груби сам ќе ја напушти ДУИ