Лабуристите на Малта бираат нов лидер, премиерот Мускат поднесува оставка
Лабуристичката партија на Малта денеска го избира својот нов лидер кој ќе го замени премиерот Џозеф Мускат, кој, пак, на 1 декември најави оставка по се поголемите барања во земјата и од странство да преземе политичка одговорност по убиството на истражувачката новинарка Дафне Карина Галиција.
Околу 17.500 членови на Лабуристичката партија имаат право да избираат меѓу двајца кандидати: потпретседателот на владата Крис Феарнеа (56) и пратеникот Роберт Абел(42).
Победникот автоматски ќе стане и премиер на Малта, пренесуават американските медиуми.
Резултатите се очекуваат изутрина, а новиот лидер попладнето ќе и се обрати на нацијата. Мускат кажа дека ќе поднесе оставка по изборот на новиот лидер на партијата.
Во својот проштален говор Мускат кажа дека ја плаќа „највисоката политичка цена за темната епизода“, што е алузија за убиството со автомобил бомба на Дафне Карина Галиција во октомври 2017 година. Притоа кажа и дека е горд што за време на неговиот мандат се уапсени обвинетите за убиството.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Потерници за Груби и Бајрами на сајтот на МВР
-
Политички реакции – Кој е виновен за бегството на Груби?
-
Предметите за висока корупција се чуваат долго, а најчесто завршуваат и на повторно судење
-
Самит на ЕПП во Брисел, неизвесна средба Мицкоски - Борисов
-
Пратенички прашања за опозицијата
-
Од Нова година поскапува струјата
-
Со писмо до Таравари и Мицкоски 30 доктори од Клиниката за деца “Козле” бараат смена на директорката – таа демантира