Предметите за висока корупција се чуваат долго, а најчесто завршуваат и на повторно судење
Не само судијата Енвер Беџети кој се најде на црната листа на САД, голем број и други судии намерно одолговлекувале предмети сметаат од Коалицијата Сите за правично судење. Ваква оценка лани имаше Судскиот совет, кога констатираше дека Беџети свесно купувал време за предметот Таргет Тврдина кој се однесува на масовното прислушување.
Од коалицијата велат дека во скопска апелација долго се чуваат предмети и за други случаи кои се однесуваат на висока корупција, а во голем број завршуваат и на повторно судење.
Анализата на Коалицијата за правично судење за оваа година покажува дека има уназадување во бројот на решени предмети во однос на лани, формална транспарентност и одлив на кадар во судовите и јавните обвинителства. Доколку продолжи ваквиот тренд на одлив на кадар, оценуваат дека ќе останеме без судии и јавни обвинители.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар