Македонското и косовското МВР не откриваат дали Груби и Бајрами се лоцирани во Косово
Никој ниту потврдува ниту одрекува дали Артан Груби и Перпарим Бајрами се во Косово. Се бараат со меѓународна потерница, но нема информации од косовското МВР дали се лоцирани во нивната земја. Иако се обидовме неколку пати да искомуницираме со нив, да потврдат дали Груби и Бајрами се наоѓаат на нивна територија, но и дали постапуваат по меѓународните потерници, одговор не добивме.
Од македонското МВР пак освен дека имаат одлична соработка со косовските колеги, детали околу двајцата осомничени за штета на буџетот на државна Лотарија од 8 милиони евра, а се во бегство, други информации, но и каде ги бараат не споделуваат.
Македонското МВР има интензивна комуникација и соработка со косовското МВР како за сите теми од заеднички интерес, така и за конкретниов случај.
Последно Груби се јави на фејсбук дека е приватно во Косово, но дека ќе се врати во Македонија-но тоа беше пред да биде официјално осомничен во случајот Лотарија. Отогаш му се губи секоја трага.
Последната трага од Груби на македонско тло е во неделата кога поминал на Блаце со дипломатско возило на почесниот конзул на Косово, Артан Папранику. Иако се наоѓал на стоп листата, бил пропуштен, а за тоа има дисциплински мерки за полицаецот кој во записник завел дека Груби и Папранику пешки ја поминале границата, а раководителот на смена е суспендиран зошто не работеле батериите на камерите на граничниот премин.
Папранику вчера бил на информативен разговор во полициската станица Карпош, но без детали од МВР околу информациите кои ги споделил за пренесувањето на Груби преку Блаце.
Ако некое лице се најде на стоп-листа, таа сигнализира дека лицето не смее да ја помине државната граница. Груби бил ставен на стоп листата по наредба на ОЈО.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар