Свет
19. December 2024 - 11:15

Путин: Руската економија „стабилна“ и покрај „загрижувачката“ инфлација

Рускиот претседател Владимир Путин кој во моментот ја одржува својата традиционална прес-конференција за крајот на годината нагласи дека економската состојба во државата е стабилна.

„Економијата е важна, да почнеме со неа и покрај провокативните прашања“, рече Путин на почетокот, додавајќи дека економската ситуација во земјата е стабилна и дека годинава растот на БДП во Русија може да биде 3,9 или 4 проценти.

Путин потоа додаде дека Русија е пред Европа, а Кина, САД и Индија се пред Москва во однос на економскиот развој. „Еврозоната спие, но тоа не значи дека нема нови економски можности.

Приходите на домаќинствата растат, но имаме некои проблеми со инфлацијата, економијата можеби е загреана и централната банка си постави барање за намалување инфлација“, рече Путин.

Во исто време, приходите на домаќинствата растат над инфлацијата. Генерално, ситуацијата е стабилна и сигурна, тврди Путин.

Економскиот раст во голема мера е резултат на зајакнувањето на суверенитетот, вели тој.

„Некои производители го напуштија рускиот пазар, што доведе до тоа нашите претприемачи сами да почнат да ги произведуваат овие производи. Ова е особено важно за нашата земја“, рече тој.