Преглед на вестите од светот
Русија објави дека уапсила 29 годишен државјани на Узбекиста кој признал дека ја поставил и активирал бомбата, која го уби генералот Игор Кирилов. Работел по инструкции на украинската служба за безбедност информира Службата за безбедност на Русија, од каде што наведуваат дека за изврпување на убиството му била понудена награда од 100 000 долари и дозвла да се пресели во некоја земја на ЕУ.
За време на сослушувањето, тој објаснил дека бил регрутриан од украинските специјални служби. По нивни инструкциии, пристигнал во Моксва и добил рачно изработена експлозивна направа што ја поставил на електричен скутер, кој го паркирал пред влезот на зградата во која живеел Игор Кирилов. Тој потоа изнајмил автомбил за да ја надгледува зградата и во него поставил видео камера, и вршел пренес во живо за организаторите во Днипро, Украина. Кога го виделе Кирилов како излегува од зградата, на осомничениот му било кажано да го притисне копчето и да ја активира бомбата.
Кирилов, кој беше началник на руските трупи за нуклеарна, билошка и хемиска заштита беше убиен вчера, заедно со неговиот помошник. Кремљ најави одмазда.
- Потврдено е дека режимот во Киев не бега од употреба на терористички методи. Ние јасно разбираме кој е нашиот непријател, за што е способен и ова уште еднаш ги оправдува нашите постапки за време на специјалната воена операција.
Михајло Подољак, советник на украинскиот претседател, ги негираше наводите за поврзаност на Киев со експлозијата
100 000 луѓе се водат како исчезнати откако циклонот Чидо го уништи францускиот остров Мајот пред три дена. Ветровите со брзина од над 250 килиметри на час збришаа цели населени места. На осторовот нема вода, храна и гориво. Францсукиот претседател Емануел Макрон одлучи да го прескокне самитот на ЕУ закажана за утре во Брисел за да може да отпатува на островот.
Дедо Мраз ја замени традионалната санка со скутер на вода за да им достави подароци на децата во Рио де Жанеиро. Над 50 дечиња го дочекаа на плажата Копакабана. Настанот го организраа противпожарата служба на градот и невладини организации.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар