Loading Video...
Свет
17. December 2024 - 12:18

Преглед на вестите од свет

Бомба сокриена во електричен скутер го уби високиот руски генерал Игор Кирилов. Тој ја извршуваше функцијата на командата на силите за нуклеарна заштита во Москва денеска претпладне, соопшти рускиот истражен комитет.

Украина ја презема одговорноста за оваа ликвидација, изјави за Ројтерс и АП безбедносен извор од таа земја, зад оваа ликвидација стојат украинските разузнавачки и безбедносни служби, наведуваат и медиумите во Киев. 

Поранешниот сириски претседател Башар ал Асад во понеделникот ја објави својата прва јавна изјава по напуштањето на Дамаск на 8 декември, во која детално се опишани хаотичните моменти до неговото заминување во Русија.

Ал Асад не го планирал заминувањето и останал во главниот град до раните утрински часови на 8 декември, извршувајќи ги своите обврски. Кога милитантните групи влегоа во Дамаск, тој се координираше со „руските сојузници“ да се преселат во крајбрежната провинција Латакија, со цел да продолжи да ги насочува воените операции од таму, додаде тој.

Меѓутоа, по неговото пристигнување во руската воздухопловна база Хмејмим, Ал Асад сфатил дека сите преостанати позиции на сириската армија се урнати и дека копнените сили се повлекле од фронтот.

Откако ситуацијата се влошува и самата руска база наиде на напади со беспилотни летала, Ал Асад рече дека Москва организирала итна евакуација во Русија вечерта на 8 декември.

Милитантната алијанса предводена од групата Хајат Тахрир ал-Шам спроведе голема офанзива од северна Сирија на 27 ноември и оттогаш се проби на југ низ областите што ги држеше владата на Ал Асад. По територијалните придобивки, вклучително и заземањето на главниот град Дамаск, алијансата го прогласи крајот на владеењето на Ал Асад на 8 декември.

Кремљ во понеделникот (16 декември) соопшти дека сè уште не е донесена конечна одлука за судбината на руските воени бази во Сирија и дека е во контакт со одговорните за земјата.

Русија во неделата соопшти дека евакуираше дел од дипломатскиот персонал во Дамаск, со специјален лет на руската авијација од нејзината воздухопловна база Хмеимим. 

Тинејџерка застрела две лица во приватно христијанско училиште во САД, а потоа се самоуби, јавија американските медиуми. Нападот во северниот дел на Висконсин вчера бил извршен од 15-годишно девојче.

Засега нема информации за нејзините мотиви, соопшти полицијата, која напомена дека семејството на девојката соработува во истрагата. Таа со пиштол застрелала наставник и ученик и повредила шест лица пред да се убие. 

Шон Барнс началникот на полицијата во Медисон го соопшти и нејзиниот идентитет - Натали Рапноу, позната и како Саманта.