Фудбал
3. September 2017 - 17:43

Квалификации за СП 2018: Хрватска со минимален триумф над Косово

Фудбалерите на Хрватска остварија минимална победа против Косово во квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2018 година во Русија. 
 
Во продолжението на мечот кој вчера беше прекинат поради дожд, Хрватите денеска успеаја да постигнат гол и минимално со 1-0 да го победат Косово. 
 
Стрелец на победничкиот погодок беше Домагој Вида во 74.минута. 
 
Со новите трои бодови и вкупно 16 Хрватите се вратија на првото место на табелата во И групата, пред Украина која има 14, еден повеќе од Исланд (13), Турција со 11, а на последните две места се Финска со 4 и Косово со само 1 бод.
 
Веќе во вторник ќе се играат натпреварите од 8.коло во оваа група.