Македонија
19. November 2023 - 13:59

Кузевска: Мицкоски молчи за скандалите на градоначалниците на ДПМНЕ

Градоначалниците на ДПМНЕ ги тресат серија скандали.

За 2 години локална власт градоначалниците на ДПМНЕ имаат НУЛА резултати но еден куп скандали.

Последен е скандалот со егзотичното патување на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, од ДПМНЕ.

Додека Охрид тоне секој ден, Пецаков плови на егзотично крстарење заедно со секретарот на општина Охрид, но и други лица од неговиот Кабинет.

Нема одговор колку пари чини ова егзотично патување и на чија сметка крстари Пецаков?

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓеорѓиевски, јавноста го забележа на фотографија како носи луксузен часовник од околу 8.000 евра.

Нема одговор од каде му се илјадници евра на Ѓорѓиевски за толку луксузен саат?

Општина Штип пак со ДПМНЕ ја тресе афера на кумско-семејна врска за тендер вреден 20.000 евра.

До денеска за сите овие скандали директно поврзани со градоначалалниците на ДПМНЕ молк од ДПМНЕ, молк од Мицкоски.

Молкот значи одобрување од страна на Мицкоски.

Со молкот Мицкоски застанува зад нив.

Заклучокот е едноставен: во ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е истата партија којашто 11 години исто вака скандалозно се однесуваше.

После 2 години локална власт јасно е дека ДПМНЕ не може да испорача резултат а скандалите се нивна одлика.

Прес-конференција на Богданка Кузевска, портпарол на СДСМ

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста