Македонија
26. November 2024 - 16:52
Посмртните останки на Митрополитот Тимотеј изложени за проштално збогум
Голем број свештени лица и верници ги пречекаа посмртните останки на Митрополитот Тимотеј во Свети Климентовиот храм на Плаошник. Епископот Антаниски Партениј истакна дека Македонската православна црква чуствува голема загуба бидејќи митрополитот Тимотеј епархијата ја водеше со голема посветеност скоро 40 и повеќе години.
Градоначалникот Пецаков подвлече дека смртта на Митрополитот Тимотеј претствува огромна загуба додавајќи дека заради неговото дело се направија многу цркви и манастири.
Голем број верници доаѓаат во верскиот храм на Плаошник.
Телото на Митрополитото Тимотеј ќе почива во епархијата со која раководеше во кругот на Свети Климентовиот храм на Плаошник.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->