Преглед на вестите од светот
Поради нагло влошување на здравствената состојба по петдневен штрајк со глад, Горан Весиќ, екс српскиот министер за градежништвото утрово од притворот во нови сад бил пренесен во болницата во Сремска Каменица. По прегледот од специјалист, тој е задржан на одделението за коронарна интензивна нега. Повекје информации здратвените власти не објавија.
Горан Весиќ беше уапсен на 21 ноември заедно со уште 11 лица поради падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември, каде што животот го загубија 15 лица, а двајца беа тешко повредени. Неколку дена по трагедијата, Весиќ поднесе оставка на функцијата министер за градежништво, а вчера вишиот суд во Нови Сад му одреди притвор до 30 дена.
Либанските властите се надеваат дека договорот подготвен од сад за 60 деневно примирје помеѓу израел и либанската милитананта група Хезболах ќе биде прифатен до крајот на денот. Шефот на либанската дипломатија Хабиб изјави дека либанската армија е подготвена да го исполни својот дел од договорот.
Догорот бара изарелските сили да се повлечат од јужниот дел на Либан, по што таму треба да бидат распоредени 5000 либански војници. Хезболах пак треба да ги повлече свои сили повеќе од 30 километри од израелската граница, јужно од реката Литани.
Доналд Трамп објави дека ќе воведе царини од 25 отсто за сите стоки од Мексико и Канада, штом се врати во Белата Куќа на 20 јануари.
-Царините ќе почнат од првиот ден на мојот претседателски мандат а причината е дека двете погранични земји не направија доволно да го запрат протокот на дрогите и илигеалните мигранти да влегуваат во САД, напиша Трамп на неговата социјална мрежа. Со потегот, Трамп ќе ги прекрши условите на договорот САД-Мексико-Канада за слободна трговија.
Трамп најави и дека ќе воведе дополнителни 10 проценти за увоз на сите стоки од Кина, бидејќи како што рече Пекинг, иако ветил, не направил доволно за да спречи дрогата Фентанил од Кина да стигнува во САД.
Реагираше кинеската амбасада во Вашингтотн, која предупреди дека никој нема да победи во трговска или царинска војна. Кина, Мексико и Канада се трите најголеми трговски партнери на САД. Царините ги плаќаат компаниите кои ги увезуваат производите, што значи дека доколку се спроведат, се очекува компанииите да ги пренесат овие трошоци на потрошувачите.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар