Котлар Трајкова: Општина Центар има потреба да се стави СТОП на агресивното градење на станови
Во вечерашното гостување во Дневникот на Сител, кандидат за градоначалник на општина Центар Наташа Котлар Трајкова кажа дека неколку години е активна во политичката партија „Глас за Македонија“ .
Котлар Трајкова додаде дека општина Центар не е само скопска општина, таа е воедно и центар на државата. Така што таа е домаќин на сите државни, јавни, општествени и научни институции. Котлар Трајкова укажа дека таа многу добро ги знае потребите и интересите на жителите на општина Центар бидејќи и таа е жител на оваа општина.
„Нам ни треба квалитетен живот барем за нас центарци морам да кажам, ни треба спокоен живот, ни треба еден урбан, модерен и културен живот. Во досегашното делување на определени структури или власти сме забележиле дури и не ги искористиле сите можности“, појасни Котлар Трајкова.
Котлар Трајкова посочи дека гласот на граѓаните ќе биде на првото место при носење на одлуки за општина Центар.
„Четвртите кои што се во строгиот центар на општина Центар имаат потреба да се стави СТОП на агресивното градење на станови. Општина Центар веќе нема потреба од такви градби. Ние ќе воведеме еден вистински мораториум да не биде фингиран. Она што е за потребите на граѓаните има доволно станови во општина Центар. Ние не можеме да примиме толкава демографска сила во оваа општина, треба да се прилагодиме кон потребите на граѓаните. Друго, инфраструктурата на самата општина во однос на канализација, патишта, движење на пешаци, велосипедски патеки, бучавост, ако зборуваме, па дури и чистотата на самиот дел што се вели општина Центар. Значи тие работи мора да се спроведат и да се организираат“, појасни Котлар Трајкова.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Осум уапсени за сквернавење на македонското знаме, ќе има уште многу, најавуваат од МВР
-
Мицкоски: Инцидентите се дел од планот за дестабилизација
-
Мицкоски најавува справување со корупцијата во правосудството од понеделник
-
Мицкоски: Ние веќе немаме што да дадеме
-
Блокирана е сметката на ЈСП
-
„Блек Фрајдеј“: Маркетиншки трик или реални попусти?
-
Патот Охрид - Кичево црна точка во сообраќајот