„Блек Фрајдеј“: Маркетиншки трик или реални попусти?
Вистински попусти или маркетингшки трик. На последниот петок од ноември, познат како Блек Фрадеј, се нудат производи по намалени цени. Во САД до 80%, каде владее шопинг лудило и не ретко има и тепачки за одредени производи.
Кај нас, наместо еден ден, трговците направија Црн викенд. Но, некаде намалувањето е само на одредени производи, а некои трговци нудат попусти на цел асортиман, но до 30 осто.
Ова е можност да се купи одреден производ по понсика цена. Дел од граѓаните задоволни, дел очекувале поголеми попусти.
Од Оргазниацијтаа за заштите на потрошувачи – апелрираат за внимателнност. Вчера и денеска добиле неколку поплаки од граѓаните. Се жалеле дека цената е иста како и пред пописти, а некаде попустот се пресметувал на каса, па потрошувачот бил доведемн во заблуда, бидејќи не ја знае вистинската цена.
Треба да стои старата цена, која важела пред 30 дена и таа да биде пречкртана и објавена новата, со вкалкулиран попуст, изјави Мирјана Лончар, претседател на Организација за заштита на купувачи.
Директорот на Државниот пазарен инсперкторат велат дека до сега за Блек фрајдер не стигнала ниту една пријава. , Но, за акциските продажби кои се нудат, граѓаните најчесто се жалат за нереалните попусти, односно цената што е означена како цена на попуст е истатат цена која производот ја имал пред да биде ставен на попуст.
Најавуваат дека неделава ќе бидат на терен и ќе проверуваат дали трговците го почитуваат законот.
Инаку, Британската органзиација за потрошувачи ги разгледала понудите на 8 најголеми трговци на мало за време на двo неделниот Црн петок . Истражувањето покажало дека 9 од 10 анализирани производи се продавале по иста цена или пониска во друг период од годината.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар