Осум уапсени за сквернавење на македонското знаме, ќе има уште многу, најавуваат од МВР
Осум уапсени, а ќе има уште многу-еден малолетен другите млади лица од 18 до 21 година- ова е исходот по синоќешните инциденти каде македонското знаме беше палено, искинато и газено со автомобил на денот кога се славеше албанското знаме. Четворица се уапсени за тепачка, другите четворица дека предизвикале национална, расна и верска омраза и нетрпеливост. Меѓу уапсените и лицето кое го кине македонското знаме, но дали меѓу нив се и лицата кои пукаа рафали со автоматско оружје, министерот за внатрешни работи конкретно не одговори.
Тошковски синоќешните инциденти ги оцени како директен напад врз македонската држава. Дали биле инструирани и со цел да предизвикаат меѓуетнички тензии и дестабилизација, МВР допрва ќе истражува.
Дали полицијата беше подготвена за вчерашното сценарио, дали имаше можност да се спречат инцидентите, Тошковски смета дека полицијата била на висина на задачата и постапила соодветно. МВР жестоко и сурово ќе одговори на сите кои имаат на ум да предизвикаат било какво сценарио за дестабилизација на Македонија, вели министерот.
Деновиве ќе се работи на идентификување и на другите лица кои учествувале во инцидентите. Уапсените се во полициска станица и по насока на јавен обвинител ќе бидат изведени пред суд.
Известен е и јавниот обвинител и се презамаат дејствија за расчиствување на настанот, соопштија и од Основното јавно обвинителство.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар