„Комунална хигиена“ утре нема да подигнува отпад од индивидуалните домаќинства во Скопје
Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје утре нема да подигнува и транспортира отпад од индивидуалните домаќинства (канти со зафатница 1,1м3) освен во руралните средини каде што активностите ќе се одвиваат со вообичаената динамика.
Како што соопшти претпријатието, екипите задолжени за одржување на хигиената на јавните површини во градот Скопје, првиот ден од новата година ќе ги започнат своите активности во 1 часот.
Во празничните денови, екипите на „Комунална хигиена“ – Скопје ќе го подигнуваат и транспортираат отпадот од колективните домаќинства (контејнери со зафатнина од 1,1м3 и 3,2м3) со изменет распоред.
– Третата смена денеска ќе започне со работа во 18 часот, додека на 1 јануари првата смена ќе започне со работа во 9 часот. На 2, 6 и 7 јануари, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ќе ги реализира своите стандардни активности, согласно Оперативниот план и програма за работа, соопшти претпријатието.
Ново на Сител
-
Перински: Никој жив не може да пресмета колку должи ЈСП
-
ССМ охрабрени по ветувањата што им ги дал премиерот
-
Владата не очекува раст на цените
-
Трипуновски: Исплата на сите заостанати субвенции
-
АХВ во превенција и заштита од болеста чума кај малите преживари
-
Преглед на вестите од светот
-
Анализа: Може ли Македонија во ЕУ со политиката - Уставни измени со одложено дејство?
-
Запален автомобилот на новинарот Серсемов