Македонија
25. October 2024 - 12:22

ССМ охрабрени по ветувањата што им ги дал премиерот

Во Сојузот на синдикати се охрабрени по последните ветувања кои ги добиле од премиерот дека ќе бидат вклучени во финалната фаза на подготовката на буџетот и дека на седница на економско-социјалниот совет ќе се договара растот на платите за идната година. Оттаму остануваат на барањата за раст на минималната плата и сметаат дека тоа треба да се случи час поскоро.