Помилуваниот Равманоски повторно зад решетки, осомничен за обид за убиство
Акиф Равмановски кој беше помилуван од претседателката на државата, од денеска е повторно зад решетки. Обвинителстово го сомничи дека стои зад пукањето кое се случи во Чаир пред десет дена. Уапсен е кратко по излегувањето од Идризово.
„По наредба на јавенОд обвинител, полициски службеници денеска непосредно по излегувањето од КПУ Идризово, лишија од слобода лице на кое со одлука на Претседателот на Република Северна Македонија извршувањето на изречената казна затвор му беше заменто со условна осуда, бидејќи за истото лице е поведена истрага за ново кривично дело Убиство во обид“, велат од јавното обвинителство.
Обвинителството денеска добило потврда дека на рацете на Равмановски се пронајдени барутни честички па како што велат се потврдил сомнежот дека тој е лицето кое пукало во Чаир со умисла да убие 35 годишник од Скопје. Веднаш било побарано апсење и притвор.
Равмановски е меѓу десеттемина кои добија помилување од претседателката на државата.. Неговото име се поврзува со криминалната група Барон, па одлуката на Силјановска Давкова за негово помилување предизвика најголеми реакции во јавноста.. Таа рече дека се водела од мислењето на Комисијата за помилување.. Од таму тврдат дека одлучувале врз основа на докуметни од судовите, затворите, министерството за правда.. Дополнителни информации кој помилуваат, не поседувале, тврди членот на комисијата Калјџиев.
„Тоа се службени документи кои воедно поминуваат низ неколку филтри пред да дојдат до претседателот за одлука, вклучително и комисијата за помилување. Ние не можеме да знаеме дали некој пукал на улица пред 10 дена или дали има полициско или безбедносно досие од службите, бидејќи тоа ниту доаѓа од нас ниту ни е тоа работа бидејќи така ние би биле полициска држава“
Основни принципи за некој да добие помилување се лицето да не е повторен сторител, да е осудено за кривично дело со ниска затворска казна и да има добро затворско поведение, појаснува Калајџиев. Реакциите во јавноста смета дека имале политичка позадина. Открива дека за сите побарани помилувања, Министерството за правда имало негативно мислење.
Реагираше опозицската СДСМ. Помилувањата ја покажувале врската на власта со подземјето.
Од министерството за правда пак обвинуваат за злоупотреба од претходната власт.
„Имајќи ја предив процедурата за помилување, но и временската рамка кога е испратено мислењето од Министерството за правда, вовреме на предизборие, се добива впечаток дека овој процес е злоупотребен. Воедно и отворањето на детали од процедурата од опозцијата посочуваат токму на подметнување на кукавичко јајце во овој процес“, велат од Министерството за правда.
Освен Равманоски кому затворската казна од една и пол година му беше заменета со условна, помилување доби и Шенол Маслани кој јавноста го поврзува со криминалното подземје во Скопје.
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар