Македонија
25. October 2024 - 16:49

Шест нови лета од Скопје и Охрид

4 нови летови од Скопје и уште 2 од Охрид. Три компании пријавиле вкупно 6 лета на повикот на Владата за субвенционирање на евтини авио линии. 

Од идната пролет Визер го враќа летот од Скопје за Барселона. Ќе лета два пати неделно исто како и до Лион и Штутгарт кои се нови дестинации. Новина е и летот до Дубаи. Флај Дубаи од март 2 пати неделно ќе носи патници до Скопје и назад.

Најголема придобивка ќе има охридскиот аеродром каде Туркиш ерлајнс воведува редовна линија до Истанбул, една од најважните трансфер станици во Европа. Визер од охридскиот аеродром од идното лето ќе лета до Базел Милхаус на границата меѓу Франција, Швајцарија и Германија, лет кој подолг период можеше да се букира само од Скопје

Колку ќе чинат летовите се уште не се знае но министерот за транспорт очекува ниски цени.

Заедно со овие летови во летната сезона од Скопје може да се лета до 51 различен аеродром, додека од Охрид до 10. Владата сака повеќе дестинации па во наредните недели ќе објави нов повик, а Николоски рече дека за тоа има интерес кај авио компаниите.

Планот е во наредните 3 години на субвенции за евтини летови да се потрошат 5 милиони евра а само догодина да има на 200.000 нови патници.