Јужна Кореја потврди нов дневен рекорден број на заразени со Ковид-19
Јужна Кореја вчера регистрира рекорден дневен број од 1.784 нови случаи на Ковид-19 и го надмина рекордот од минатата недела поради брзото ширење на делта мутацијата на коронавирусот, објави денеска Корејската агенција за контрола и превенција на болести (КДЦА).
Анализата извршена минатата недела на 2.381 случај на инфекција утврди дека во речиси 40 проценти од случаите станува збор за делта варијанта на вирусот, покажуваат податоците на КДЦА.
Повеќе од половина од 1.714 случаи на инфекција со делта сојот на коронавирус од декември во Јужна Кореја беа дијагностицирани минатата недела.
И покрај рекордниот број на новоинфицирани, во земјата не е забележано значително зголемување на хоспитализации или смртни случаи, со стапка на смртност од 1,13 проценти и 214 тешки случаи вчера. Претходниот рекорден број на новозаразени, Јужна Кореја го имаше минатата недела.
Од 52 милиони жители на Јужна Кореја, 32 отсто ја примиле првата доза на вакцина против Ковид-19, а Владата планира да вакцинира 70 проценти од населението до септември.
Досега, Јужна Кореја има 182.265 случаи на инфекција и 2.060 починати пациенти од Ковид-19.
Ново на Сител
-
Нехумани услови во домот Пелагонија
-
Тема на денот со Ива Ненадиќ, координатор на центарот за медиуми при Европскиот универзитетски институт
-
Обвинители вршат надзор над работата на обвинителството за организиран криминал и корупција
-
69-годишна жена загина, а 9-годишно дете се бори за живот на Клинички по пад од шести кат
-
Родители најавија бојкот на настава во „Лазо Ангеловски“, МОН смета дека со случајот се претерало
-
Комплексни лозинки за да нема упад во е-дневник во училиштата!
-
И власта и опозицијата не прифаќаат пензионирање на 67 години
-
Новогодишните куќарки пристигнаа на плоштадот, Арсовска пак крие кој и за колку пари ќе украсува