Исламска заедница на Косово: Се уште не се создадени услови за отворање на џамиите
Исламската заедница на Косово (ИЗК), по консултациите со косовските здравствени власти, одлучи, и покрај барањата на верниците, џамиите и натаму да останат затворени.
Поглаварот на ИЗК Наим Тернава на денешната прес конференција заедно со директорот на Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) Насер Рамадани и микробиологот Љуљ Рака оценија дека отворањето на муслиманските верски објекти за претстојниот празник Фитр Бајрам, на 24 мај, би претставувало опасност од ширење на епидемијата на Ковид-19.
– Се уште не се создадени условите за отворање на џамиите во Косово. Такво е мислењето на експертите од областа. Јас не ја познавам таа болест, но овие колеги тука, кои деноноќно работат за нас, го даваат нивното мислење за тоа. Ние ќе ја очекуваме првата можност за отворање на Божјите храмови, изјави Тернава.
Ново на Сител
-
Шекеринска на средба кај Сиљановска
-
Преглед на вестите од светот
-
Денот на албанската азбука – Честитки и превирања
-
ВМРО-ДМНЕ бара извинување од Апасиев по инцидентот
-
За повисок економски раст треба повеќе да се штеди, помалку да се троши
-
Зајкова бара укинување на банкарските провизии
-
Таравари и Мемеди на една страна, ДСЗИ на друга за надзорите на Детска
-
Свечена седница во Влада по повод Денот на албанската азбука