Ирачките сили навлегоа во периферијата на Мосул и напредуваат кон внатрешноста на градот
Ирачките сили навлегоа во периферните делови на Мосул и напредуваат кон внатрешноста на градот и покрај силниот отпор, што го пружаат борците од групацијата Исламска држава, кои го контролираат градот, изјави ирачкиот генерал мајор Сами ал Ариди.
Тој истакна дека ирачките војници навлегле во квартот Гогџали и се наоѓаат на само 800 метри од квартот Карама, кој е близу до центарот.
Според него борците од ИД поставиле бетонски барикади за да го блокираат Карама и го спречат навлегувањето на ирачките сили, а по патот во внатрешноста на градот се поставени бомби.
Коалицијата, предводена од САД почна да извршува воздушни напади врз позици на ИД во Гогџали.
Бригадниот генерал Хајдер Фадхил од ирачките сили изјави дека дека борците од ИД стрелале кон ирачките војници со противтенковски ракети со цел да го спречат нивното продирање во градот.
Ново на Сител
-
Пад на индустриското производство од 7,9% во септември
-
Тема на денот со Благој Бочварски, СДСМ
-
Први пратенички прашања за Мицкоски, Филипче му побара оставка
-
Реакции по извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија
-
Екс министерката Костадиновска заработи кривична пријава за Универзална
-
Се уште нема никаква одговорност за смртта на 14 месечното бебе од Гошинце
-
АХВ: Потврден случај на птичји грип кај угината гуска во Злокуќани
-
Побарано да се забрани внес на нови животни во скопската зоолошка