И нашата држава да бара тест за корона и мерки за самоизолација е ставот на Комисијата за заразни болести
Ниту денеска не се одржа најавениот состанок на членовите на Комисијата за заразни болести со скопските градоначалници.
Засега нема најава кога истиот ќе се случи. На денешниот состанок како што беше најавено требаше да се побара од првите луѓе на скопските општини поголем ангажман во справувањето со ширењето на коронавирусот, односно поголема контрола на локално ниво и зачестени контроли во автобусите, парковите, пазарите и останатите места каде што има поголем собир на граѓани.
Да се почитуваат мерките како што се задолжително носење на маска и држење физичко растојание од најмалку два метри.
Викендов позитивен на коронавирус испадна и првиот човек на град Скопје, Петре Шилегов и најверојатно затоа е одложен денешниот состанок со членовите на Комисијата за заразни болести.
Комисијата за заразни болести денес одржа редовен состанок на кој се разговарало да се упати предлог до Министерството за образование бидејќи овој период е уписен рок, истиот за упис на средношколците да биде одложен за оние деца кои ја издржуваат мерката за самоизолација или се на лекување поради позитивен тест на коронавирус. На состанокот станало збор и до крајот на неделата да бидат отворени но под посебни протоколи и теретаните и фитнес центрите кои останаа затворени поради корона кризата. Станало збор и за границите, односно каков предлог да се достави за слободен проток на патници во наредниот период.
Ставот на Комисијата е и нашата држава да бара тест за корона и мерки за самоизолација За влез од Србија во Македонија најверојатно нема да се бара тест и мерки за самоизолација. Грција објави отворање на границите на први јули, меѓутоа уште нема информации како ќе се одвива протокот на патници помеѓу нашата земја и Грција. Засега остануваат затворени и границите со Бугарија.
Ново на Сител
-
Извештајот на Светска банка го нарушува имиџот на земјава
-
Тема на денот со премиерот Христијан Мицкоски
-
Македонски Телеком креираше иновативно решение за телемедицина, единствено во регионот
-
Во Велес утре ден на жалост за тројцата загинати во сообраќајката кај Катланово - другите пет лица се тешко повредени
-
Таравари бара директорите на Детска и Козле да преземат мерки за докторите кои направиле превид
-
ВО ЖИВО: Голема полициска акција
-
Смена во АНБ
-
Четири општини нема да добијат државни пари - Владата го продолжи рокот за да може да аплицираат дополнително