-->
-->
Хорор во Скопје попладнево: Дедо го убил внукот и ги ранил сопругата и ќерката
-->
Осумдесет и четиригодишен скопјанец денеска напладне го убил својот 32 годишен внук и ги ранил сопругата и ќерката, по што се самоубил, потврди Министерството за внатрешни работи.
Како што информираат од полицијата, денеска околу 12:40 часот е пријавено дека на улицата „Хо Ши Мин“ во населбата Бутел во Скопје било пријавено дека 84. годишен скопјанец со инцијали Б.Т. со пиштол пукал кон неговиот внук Т.С. (32) кој починал на самото место, како и кон сопругата Б.Т., и ќерката Л.С. (58), по што извршил самоубиство.
Двете жени со Итна медицинска помош се префрлени во Ургентен центар и се во животна опасност. Полицијата врши увид и се работи на расчистување на околностите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Лајчак: Искористете ја шансата за влез во ЕУ, да не останете запоставени
-
ОЈО побара притвор за 9 од вкупно 23 осомничени во акцијата ,,Адитив''
-
Храната поскапува - Власта уверува дека цените ќе паднат со новогодишната кошница
-
Реставрација на споменици на културата
-
Преглед на вестите од свет
-
Законот за јазиците пред Уставен
-
Приведените во „Адитив“ пред суд
-
Расте откупната цена на тутунот