Хасани: Владата на Сверена Македонија посветува внимание на развој на капацитетите за кибер-безбедност
Владата на Сверена Македонија посветува посебно внимание на развојот на сопствените капацитети за кибер-безбедност, чија главна цел е заштита на националните интереси на државата, истакна заменик министерот за одбрана на Северна Македонија, Башким Хасани кој учествуваше на конференцијата во Софија за прашањата на одбраната и кибер-безбедноста на земјите од Југоисточна Европа, јави дописникот на МИА од Софија.
Во рамките на дискусијата посветена на влијанието на војната во Украина врз развојот на вооружувањето и тоа дека руската инвазија суштински ја промени светската агенда во однос на геополитичките процеси, безбедносни, економски и хуманитарни аспекти кои влијаат на безбедносниот аспект во Југоисточна Европа, тој истакна дека се соочуваме со кибер, хибридни и други асиметрични закани, кои вклучуваат и кампањи за дезинформација.
На конференцијата учествуваше и поранешниот македонски премиер Владо Бучковски, кој рече дека Русија влијаела на развојот на регионалните процеси, посочувајќи на нерешениот дијалог меѓу Белград и Приштина, поддршката на одредени сили во Босна и Херцеговина, политичката криза во Црна Гора, како и обидот за одржување референдум против Договорот со Бугарија од страна на опозицијата, кој, според него, создава ризик за политичката стабилност во односите меѓу Софија и Скопје.
Форумот е организиран од израелската платформа ImImprovate, а домаќин е Росен Плевнелиев, претседател на Бугарија (2012 – 2017), кој е во советодавниот одбор на платформата.
Ново на Сител
-
Раководството на КМФМ заедно со двајцата медалисти од европското на прием кај градоначалникот на Аеродром
-
МВР објави оглас за вработување на 101 лице
-
Јаневска: Kомитите се дел од историјата на Македонијa, УЧК и нејзините симболи за оваа држава не значат ништo
-
Гвардиола: Сезоната е долга, имаме за што да се бориме
-
Нема да има публика на натпреварите од 17. и 18. коло во ПМФЛ
-
Поевтинуваат горивата
-
ЕХФ го казни Пелистер
-
Повеќе од 25 возила меѓу кои трудници и мали деца заглавени во Леуново | ФОТО