Гутереш и Ердоган на средба со Зеленски во Украина
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш треба да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во Лавов, град во западна Украина, речиси шест месеци по руската инвазија врз таа држава.
Тројцата лидери ќе разговараат за неодамнешниот договор за извоз на украинско жито, но и за „потребата од политичко решение на конфликтот“, најави портпаролот на ОН Стефан Дужарик. „Не се сомневам дека ќе се допираат нуклеарната централа (Запорожје) и други теми.
Зеленски вчера рече дека Гутереш „веќе пристигнал во Украина. Работиме заедно за да ги постигнеме потребните резултати за Украина“.
Генералниот секретар треба да разговара и со Зеленски на посебна средба. Потоа в петок треба да отпатува за Одеса, едно од трите пристаништа наменети за извоз на жито според постигнатиот договор, по што ќе ја посети Турција, особено Заедничкиот координативен центар (ЦКЦ) кој го надгледува договорот.
Податоците на ОН покажуваат дека од 1 до 15 август 21 превозник на големо добиле одобрение за испловување. Тие превезле вкупно 563.317 тони земјоделски производи, од кои 451.481 тони пченка.
Ново на Сител
-
Обвинители вршат надзор над работата на обвинителството за организиран криминал и корупција
-
69 - годишна жена загина, а 9 - годишно дете се бори за живот на Клинички по пад од шести кат
-
Родители најавија бојкот на настава во „Лазо Ангеловски“, МОН смета дека со случајот се претерало
-
Комплексни лозинки за да нема упад во е - дневник во училиштата!
-
И власта и опозицијата не прифаќаат пензионирање на 67 години
-
Новогодишните куќарки пристигнаа на плоштадот, Арсовска пак крие кој и за колку пари ќе украсува
-
Преку зголемена транспарентност и политичка комуникација до одговорни институции
-
Преглед на вестите од светот