Ѓорѓиевски: Почнуваат бесплатните логопедски третмани во Кисела Вода
Од денес, Кисела Вода е првата општина во Македонија во која децата што имаат потреба, ќе добиваат бесплатни психолошки, логопедски и дефектолошки третмани, а професионална поддршка ќе има и за нивните семејства. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски заедно со "Гаспар" центар за психофизичко здравје и официјално го пуштија во употреба новоотворениот центар во Припор, за кој локалната самоуправа го обезбеди просторот, а Центарот за психофизичко здравје ,,Гаспар” го обезбеди стручниот кадар-тимот од логопеди, психолози, специјални едукатори и рехабилитатори. Обуки ќе има и за кадрите во училиштата и градинките, со цел сите деца да добијат соодветна и квалитетна поддршка, се наведува во соопштението од Општина Кисела Вода.
- Општина Кисела Вода уште еднаш покажа дека е лидер во креирање на социјални мерки и услуги во интерес на граѓаните и дека наш врвен приоритет во работењето се нашите најмлади жители. Работејќи кон создавање подобри услови за живеење и активно вклучување на сите граѓани во заедницата, од денес во Припор функционира Центар за психофизичко здравје кој нуди логопедско-дефектолошки и психолошки услуги. Наша заедничка цел е да им овозможиме поголема достапност и полесен пристап на услугата на жителите на општината и да им помогнеме на семејствата во социјален ризик. Жителите на општина Кисела Вода кои согласно Закон за социјална заштита спаѓаат во категоријата на ранливи семејства и имаат потреба од оваа услуга ќе може да се обратат во новоотворениот центар во Припор. За сите останати наши жители, обезбеден е попуст. Соработката со Центарот за психофизичко здравје ,,Гаспар” продолжува и понатаму како на локално така и на национално ниво и наскоро ќе бидат промовирани и нови услуги кои им се потребни на нашите жители, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Ново на Сител
-
Претседателката на Судски совет, Весна Дамева, си поднесе неотповиклива оставка
-
Запален објект и три автомобили во Куманово,албанската опозиција ја повика меѓународната заедница да реагира
-
Верските лидери со заеднички апел до граѓаните за смиреност и соживот
-
Не само во Челопек министерката Јанева најави вонредни инспекции и во други училишта каде деца носеле симболи на УЧК
-
Струјата нема да поскапи повеќе од 1%, еден час плус дневна евтина тарифа засега ќе нема
-
Словенија бара 5.000 работници од Македонија
-
Постапка за Екс директор
-
Респираторните инфекции ги полнат педијатриските амбуланти и клиниките!