Герасимовски: Нема да бидам дел од раководство на СДСМ, останувам посветен во општината
Горан Герасимовски, градоначалникот на општина Центар за Фокус потврдува дека останува посветен на работата во општината. Изјавата доаѓа во момент кога во јавноста се шпекулира дека Герасимовски ќе биде дел од новото централно раководство на СДСМ.
„Одлучив да останам посветен на општина Центар затоа што одговорноста која ја имам пред граѓаните е на прво место. Предизвиците во општината се големи, но исто така и мојата желба да ги исполнам сите ветувања кои ги дадов на граѓаните. Секако, иако нема да бидам дел од највисокото раководство на партијата, останувам посветен и на мојот политички ангажман во СДСМ. Пред нас е бурен период и локални избори за помалку една година за што целосно ќе се фокусирам на локалните политики на општината. Сметам дека е исправно да се заврши започнатото. Центар е срцето на Скопје, и работата во оваа општина бара целосен фокус. Благодарен сум на довербата од граѓаните, и убеден сум дека ќе успееме да исполниме сè што е зацртано“, изјави Герасимовски.
Ново на Сител
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек
-
Приватните превозници престанаа да возат, допрва ќе одлучуваат дали ќе го блокираат Скопје
-
Скопје се гуши
-
Желба на Дурмиши е минималец од 600 евра, ССМ бара 450 евра
-
Регистрирана Комора на вештаци - Поголем квалитет во процесот на судско вештачење