-->
-->
Фатени на граница: Со маски шверцувале над 300 килограми марихуана
-->
Грчката полиција уапсила дваесет и едногодишен Албанец и запленила 312 килограми марихуана на грко албанската граница во планинскот предел кај градот Лерин.
Според полицијата, на која се повикуваат албанските медиуми три лица со четири натоварени маски биле забележани како илегално ја минуваат границата.
На наредбата да застанат, двајца од нарко шверцерите успеале да избегаат назад на албанска територија. Едниот од нив е уапсен и е запленета целата количина дрога.
Во 16-те торби кои биле натоварени на четирите маски имало 137 пакети со вкупна тежина од 312 килограми и 645 грама марихуана.
Акцијата била реализирана во многу лоши временски услови, со обилен дожд и магла.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Унијата здруженија на медицински сестри реагира на договорот на ФЗО и ЗПЛРМ матични во мали места да работат без сестри
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек