Ердоган: Турција може да организира референдум за враќање на смртната казна
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган истакна дека Турција може да организира референдум за враќање на смртната казна, ако Парламентот не успее да донесе таква мерка.
Ердоган ја даде оваа изјава денеска, при водењето на кампањата за гласање со позитивен одговор на референдумот на 16 април за уставни промени, што ќе ги зголемат претседателските овластувања.
По обидот за преврат на 15 јули Ердоган често изјавува пред неговите приврзаници, кои повикуваат за враќањето на смртната казна, дека доколку Парламентот изгласа таква одлука, тој ќе ја потпише.
Денеска тој направи чекор напред со изјавата дека може да биде свикан референдум по прашањето, доколку Парламентот не усее да ја врати смртната казна.
Турција ја укина смртната казна пред повеќе од 10 години.
Европските лидери предупредија дека преговорите за присоединување на Турција кон Европската унија ќе завршат ако Анкара ја врати смртната казна.
Ново на Сител
-
Наќе Георгиев бара укинување на притворот
-
Ќе се рационализираат специјализациите
-
Засилени контроли на струмичката полиција
-
УГД го објави конкурсот за новата академска година – Слободни 4.000 места
-
Преглед на вестите од светот
-
Труење со салмонела: Затворени сендвичара во Аеродром и ресторан во Влае
-
ЗНАМ и ВРЕДИ повторно со спротивни ставови за употребата на албанското знаме
-
Тема на денот со Максим Ацевски, главен државен ревизор