Loading Video...
Свет
12. July 2024 - 12:18

Преглед на вестите од светот

Американскиот претседател Џо Бајден со нови два гафа. Тој ја нарече сопствената потпретседателка Камала Харис, „Потпретседател Трамп“.

Ова се случи само еден час по уште еден гаф од висок профил на самитот на НАТО, кога Бајден го претстави украинскиот претседател Зеленски како „претседател Путин“, предизвикувајќи гласни воздишки од публиката.

Ова се случи кога на Зеленски му беше предаден договорот со државите кои ја поддржуваат Украина. 

Инаку Американскиот претседател за време на средбата со претседателот на Украина Володимир Зеленски најави нов пакет американска помош за украина од 225 милиони долари, соопшти стејт департментот.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека Украина е многу блиску до остварување на својата цел - членство во НАТО, и покрај фактот што воената алијанса не и понуди политичка покана да и се приклучи на самитот во Вашингтон.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан се сретна со поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој се бори за реизбор. Тие разговарале за „можностите за мир“ во Украина, изјави портпаролот на Орбан.

Средбата се одржа во имотот на Трамп, Мар-а-Лаго во Флорида. Според неговиот портпарол, тоа била следната станица на „мировната мисија“ на Орбан.

Албанската опозиција синоќа одржа масовен антивладин протест, на кој главното барање беше заминување на „нарко-државата предводена од Еди Рама“, формирање техничка влада, по примерот на Македонија, спроведување слободни и фер избори, како и ослободување на демократскиот лидер Сали Бериша. Според организаторот ги имало над 100 илјади.

Протестот беше преполн со тешки обвинувања и навреди на адреса на премиерот Еди Рама. На протестот се обратија повеќе говорници.

Протестот почнал пред седиштето на Демократската партија, а главниот дел се одржа пред Владата во Тирана. На учесниците им се обрати лидерот на Партијата на слободата и поранешен претседател на земјата, Илир Мета.

Протестот минуваше без инциденти се до појавата на лидерот на демократите, Сали Бериша преку видео бим, кога беа фрлени молотови коктели на влезната владата на владата, целосно оштетувајќи ја истата.

Инаку Бериша е седум месеци е во домашен притвор. Во еден момент беа запалени и знамињата на јарболот, а дојде и до судир со полицијата, при што повредени се најмалку две лица, еден од нив полициски службеник.

Протестот беше заокружен пред седиштето на партијата со порака дека „ова не е последен протест, зашто Демократската партија не може никој да ја запре.