Македонија
12. July 2024 - 12:18

Наќе Георгиев бара укинување на притворот

Врховниот судија Наќе Георгиев кој е осмничен за примање поткуп, денеска од Апелациониот суд побара укинување на притворот.

Во емотивен говор пред тричлениот судечки совет, Георгиев целосно негираше вина. Обвини дека бил наместен од синот на екс градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев, познат како Боро Малборо.

Говорејќи зошто повеќе не треба да е во притвор, врховниот судија рече неговиот углед е уништен и се срами да ги гледа судиите во очи.

Тврдеше дека бил прогонуван од синот на поранешниот градоначалник на Ново село, постојано му ѕвонел, а му го прислушувал телефонот.

Како што рече во судницата Герогиев, на денот на апсењето во само еден миг од успешен судија бил прогласен за криминалец.

Според неговиот адвокат, немало повеќе основ Наќе Георгиев да е во притвор, бидејќи пријавителот бил веќе сослушан и повеќе не постоела опасност од влијание.