Одбележувањето на Илинден го привлече вниманието на грчките медиуми, честитка испрати и Радев
Одбележувањето на Илинден во струшко Ташмаруништа на премиерот Мицкоски го привлече вниманието на грчките медиуми.
Прототема преземајќи ги сликите и вчерашната објава на Мицкоски на социјалните мрежи пишува дека властите продолжуваат да го кршат Преспанскиот договор.
- Во објавата што ја направи на X, премиерот на Северна Македонија не само што ја нарече својата земја како „Македонија“, туку и на фотографиите што ги објави, јасно се гледа како подигнато старото знаме на поранешна Македонија со сонцето од Вергина, што претставува јасно прекршување на договорот од Преспа, кој изречно ја забранува неговата употреба.
Настаните беа уште една демонстрација на иредентизмот што го негува ВМРО-ДПМНЕ и откриваат дека нема волја да се почитуваат обврските од договорот, пишува Прототема, но до овој момент нема реакција од грчките власти кои повеќепати изминатите месеци побараа од Мицкоски и Силјановска Давкова да го користат уставното име на државата на секој јавен настап.
За Илинден не изостанаа ниту бугарските честитки.
2 август е славен датум за нашата заедничка историја, и напиша Радев на Силјановска Давкова.
- Саможртвата на хероите од Илинденско-Преображенското востание го носи сеќавањето низ времето кое засекогаш ќе ги поврзе Бугарија и Република Северна Македонија и нивните граѓани.
Како наследници на нашите предци, имаме одговорност и историска должност да ги следиме и достојно да ги чуваме заветите од нашето минато, заради нашата заедничка европска иднина. Високите идеали на востанието денес се основата на вредностите на обединета Европа, пишува Радев и потенцира дека Бугарија останува решена да работи на воспоставување добрососедски односи за да ја обезбеди потребната поддршка за исполнување на договорените критериуми за членство во Европската унија.
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар