Македонија
3. August 2024 - 16:33

Фрижидерите во ИЈЗ под клуч – ќе се знае кој влегува и зема реагенси!

Под клуч фрижидерот и комората во Институтот за јавно здравје каде ги чуваат реагенсите за детекција на голем број болести. Поради сомнеж за саботажа откако овие апарати во  четвртокот биле исклучени од струја, раководството на ИЈЗ ги смести во просторија каде не може секој да влегува. Земањето материјали за докажување на  голема кашлица, правење антибиограм или уринокултура ќе биде детално евидентирано. 

-Ги ставивме под клуч, постојат луѓе кои се посебно овластени со реверс за тие клучеви. И воедно ќе се врши постојана контрола т.е. постојана евиденција кој влегува во тие соби, кој зема и колку зема од тие реагенси, онака како што практично требало да биде досега, вели Марија Андоновска, в.д. директор на ИЈЗ

Пред да ги направат промените, фрижидерот кој беше исклучен од струја се наоѓал во ходник каде поминувале голем број лица и никој не бил задолжен за негово чување .

- Барав евиденција кој може да зема од тие реагенси, и тие не воделе таква евиденција. Не можам да тврдам се земало и злоупотребувало, но и не можам да кажам дека не се правело. Затоа моја работа е сега да се воведе ред и отсега точно ќе се знае кој зема, колку зема и од она што ние го имаме како реагенси каде ќе заврши и за што, вели Андоновска. 

Досегашната истрага се уште не даде одговори, дали, кој, како и зошто ги исклучил фрижидерот и комората каде има огромен број на реагенси. Од понеделник обвинителството најави дека со тоа ќе се занимаваат вершти лица кои ќе ги испитувљат причините за прекинот во напојувањето. Олеснителна околност во целиот случај е што по проверките, реагенсите се исправни и можат да ги користат.