Штип под снежна покривка од 35 сантиметри
Двете штипски јавни претпријатија 3 дена се активни на терен во расчистување на улиците и тротоарите од снежната покривка која достигна дебелина од 35 см. ЈП „Стипион“ дејствува во расчистување на приоритетните улици, а помош ќе биде испратена и на соседната општина Карбинци.
- Сите наши технички и човечки ресурси се ставени во функција. Целата механизација на јавното прептријатие и дополнително помошната е постојано ангажирана. Вкупно 12 машини се низ градот и ги чистат улиците по приоритет. Приоритетно за чистење беше централното градско подрачје, сите пристапи до Клиничката болница, влезовите во градот и булеварите. Мислам дека успеавме на време да реагираме и да го постигнеме посакуваниот ефект– изјави Панче Стефановски, директор на ЈП „Стипион“- Штип
На терен се и екипите на ЈП Исар. Тие главно се фокусирани на чистење на тротоарите и мостовите.
- Учествуваме и во расчистување на коловозите и на непристапните места во градот. Паралелно екипите на комунална хигиена, иако се отежнати условите навремено го собираат шутот, така што сум задоволен од резултатите кои ги постигнуваме во овие отежнати временски услови, изјави Александар Арсовски, директор на ЈП „Исар“- Штип
Постојано се фрла сол, песок и ризла со цел сообраќајот и движењето на пешаците да биде непречено. Од „Стипион“ посочија дека има доволни количини абразивен материјал за да се справат со снежниот бран кој го зафати регионот.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар