Постигнат е договор: Дополнителни 6 денари по килограм оризова арпа
Дополнителни шест денари по килограм оризова арпа за производството во 2024 година. Дел од реколтата ќе биде откупен за стоковите резерви. Постигнат е договор меѓу министерот за земјоделие и оризопроизводителите.
„Мерката треба да биде со важност од 1 ноември до 31 март 2025 година. Значи сите оние кои што имаат предадено овој период ќе добијат дополнителна субвенција од 6 денари за килограм арпа. Дополнително, обврската на Министерството е преку Агенцијата за стокови резерви да се изврши набавка на оризова арпа, односно ориз за потребите на стоковите резерви. Знаете дека се изменети законските процедури и сите правилиници. Во тек се подготовките за ваквата објава што значи дека ќе го надминеме проблемот со откупот од реколтата 2024 година“ – Цветан Трипуновски, Министер за земјоделство
Трипуновски тврди дека проблемот со пласман на оваа реколта е наследен од претходната Влада. Вели дека веќе се работи на организација за сеидбата која е за неколку месеци.
Оризопроизводителите задоволни.
„Она што го баравме ние го добивме од страна на Министерство за замјодлество и од министерот. Мислам дека со оваа мерка ќе бидат презадоволни бидејќи ова е најмногу што можеше да добиеме“
„Се надевам дека со една позитивна кампања, односно позитивни движења во делот на целокупното земјодество ќе се создадат услови во Македонија повторно да се врати интересот и кај младите за производството на храна“ - Ставре Јанев, претседател на Самостојниот синдикат на земјоделците на Македонија
Според проценките на оризарите, во амбарите им стојат околу 29 илјади тони оризова арпа.
-
Мартин Арсов
Сите содржини од овој новинар