Македонија
11. July 2024 - 20:53

ЗНАМ и ВРЕДИ повторно со спротивни ставови за употребата на албанското знаме

Движењето ЗНАМ повторно реагира на албанските знамиња во кабинетите на министрите Албанци од колаицијата ВРЕДИ.

На профилите на вицепремиерот Изет Меџити секојдневно се објавуваат слики на кои покрај македонското и знамето на Европската унија, може да се забележи и албанското знаме. Од ЗНАМ велат дека ова прашање е покренато во рамки на владината колација и дека очекуваат реакција од институциите поради прекршување на законите.

Очекуваме институциите на системот да си ја вршат својата работа и да преземат соодветни мерки околу кршење на законите, без разлика од која страна доаѓаат тие прекршувања, истакна Мемов

Од колацијата ВРЕДИ пак велат дека за ова прашање не се водени меѓукоалициски разговори. Ставот на ЗНАМ го оценуваат како политичка реторика за собирање политички поени и велат дека сите владини партнери имаат еднакви права.

Со ЗНАМ немавме разговори. Тие имаат тенденција да дејствуваат како да се во изборна кампања. Изборите поминаа, треба да се освестат.  Нивен став е едно, меѓутоа реалноста е нешто друго. Не може нивен став за нас да биде егзекутивен. Тие сега сакаат да профитираат политички, меѓутоа тоа е нивна работа. Треба да има компромис меѓу сите партии во владата, вели Халил Снопче

Од ЗНАМ претходно реагираа и за албанското знаме во кабинетот на Меџити и за време на координативниот состанок на министрите на Вреди, но и за спикерот Гаши кој свечената заклетва при превземањето на функцијата во СОбранието ја кажа прво на албански па на македонски јазик.