Дводневен џез фестивал во Кавадарци
Во Кавадарци синоќа започна традиционалниот дводневен џез фестивал, кој е во рамки на републичката манифестација „Топол културен бран” и Меѓународната колонија „Кавадарци-Михајлово 2016”.
- Ова е уште еден доказ дека Кавадарци со години наназад е на врвот од листата на градови, според бројот и квалитетот на организирани културни настани за јавноста, рече меѓу другото Владимир Темков, директор на кавадаречкиот културен дом.
Првата вечер од фестивалот, присутните можеа да уживаат во изведбите на Тони Китаноски-трио и Летечки пекинезери. Вечерва на програмата се FUNKTASTIK COALITION од Србија и Сашо Поповски-трио.
Настанот е финансиски поддржан од Министерството за култура на Република Македонија, а е во организација на градоначалникот и Совет на општина Кавадарци, Домот на култура “Иван Мазов Климе” од Кавадарци и Здружението на џез музичари и слободни уметници од Скопје.
Ново на Сител
-
Стартуваше Самитот Македонија 2025 - Како до побрз економски напредок на државата
-
Преглед на вестите од светот
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа