Македонија
16. јуни 2016 - 13:56

Драма во Скопје: И раскинал па ги искасапиле со нож

 
 
Вистинска драма се одвивала во 22 часот во Скопје кога во куќата на 60-годишниот О.Ш. и 31-годишниот М.Ш. влегле двајца насилници. Според податоците од полицијата се работи за Р.Р.и И.Р. кои со употреба на нож и дрвена палка ги нападнале станарите.
 
Од страна на полициски службеници Р.Р. и И.Р. се приведени и пронајдени се нож и дрвена палка кај нив, додека О.Ш. и М.Ш. со возило на Итната помош се пренесени во Ургентниот Центар. На таткото му се констатирани три убодни рани во градниот кош и три убодни рани во  абдоменот и за жал се наоѓа во животна опасност, додека неговиот син се здобил со расекотина на ногата.
 
Причина за хоророт е тоа што младиот М.Ш. ја раскинал љубовната врска со ќерката на Р.Р. односно сестрата на И.Р.