Димитров на Министерски совет на ОБСЕ во Виена
Делегација предводена од министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, ќе учествува на 24. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), кој ќе се одржи денеска и утре во Виена, Република Австрија.
Како што соопшти МНР, шефот на дипломатијата Димитров ќе има свое обраќање на Министерскиот совет на кој ќе ги претстави ставовите на Република Македонија.
Министрите за надворешни работи на Министерскиот совет ќе разменат мислења за активностите на Организацијата во изминатиот едногодишен период во рамки на австриското претседавање со ОБСЕ. Се очекува да бидат усвоени и поголем број одлуки кои се во доменот на надлежностите на ОБСЕ, односно кои се однесуваат на неговите три димензии: политичко - воената, економско - еколошката и хуманата димензија.
На маргините на министерскиот совет министерот Димитров ќе оствари и повеќе билатерални средби, наведуваат од МНР.
Ново на Сител
-
Почина папата Франциск
-
Папата Франциск - Единствен кој ја посети Македонија
-
На предлог-извештајот на Вајц за земјава поднесени 313 амандмани
-
Синдикатот на културата утре излегува на протест
-
За три дена скопската Брза помош интервенирала кај 45 граѓани кои колабирале на јавни места
-
АХВ уништи небезбедна храна, најчесто се продавала во Охрид и Струга
-
Штипска модуларна ќе се преадаптира во специјалистичка амбуланта
-
Училиштата во Босилово започнуваат со сопствено производство на струја